Во координација со целиот организациски тим и сите засегнати страни, Пиволенд 2022 донесе одлука да го презакаже почетокот на настанот, кој требаше да започне на 31-ви август.
-Почитувани поради големото невреме што го Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, чувствуваме потреба поради безбедност да го презакажеме почетокот на Пиволенд за 3-ти септември 2022 година, велат од организацискиот тим.
Од таму додаваат дека останува првичното место за одржувањето на Пиволенд, а тоа е плоштад „Македонија“.
На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.