Дипломатите го сакаат Зеленски во Њујорк, но се плашат за неговиот живот

од Vladimir Zorba
175 прегледи

ДИПЛОМАТИ се обидуваат да организираат посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, што ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

„Подготвени сме за посета на секој функционер, вклучително и на претседателот“, изјави портпаролот на украинската мисија во ОН, Анатолиј Сленко.

Зеленски е на списокот говорници на најголемиот годишен состанок на ОН во средината на септември, но Сленко истакна дека тоа сепак може да се промени. Дали посетата ќе се одржи се уште е нејасно, додаде тој.

Извори од Советот за безбедност на ОН потврдија дека украинската мисија ја подготвува посетата на Зеленски на годишниот собир на претседатели на држави и влади.

Сепак, дипломатите предупредуваат дека секое патување на украинскиот претседател претставува голем ризик за неговиот живот.

Тие додаваат дека одлуката ќе биде поврзана со развојот на воените настани во Украина.

Годинава Генералното собрание започнува во Њујорк на 20 септември. Меѓу говорниците се американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Присуството на украинскиот претседател би било важен симбол, се оценува. Од почетокот на војната, Зеленски патувал само во Украина од безбедносни причини.

Слични содржини