МВР: 132 санкционирани возачи во Скопје, 25 возачи на мотоцикл

од Берта Китинска
118 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.