Два силни земјотреси го погодија грчкиот остров Самос

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во средата во морската област кај егејскиот остров Самос, се наведува во соопштението на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од градот Питагора, соопшти Институтот. Длабочината била 12,8 километри, а земјотресот е регистриран околу 13 часот и 10 минути. Во моментов нема извештаи за жртви, пренесува ekathimerini.com.

Уште еден слаб земјотрес се случи во 12:56 часот во истото подрачје. Беше измерено дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала и дека е регистриран на длабочина од околу 10 километри.

Слични содржини