Мејведер ја најави својата следна борба

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Живата легенда Флојд Мејведер ја најави својата следна борба.

На 25 септември, непоразениот боксер ќе има егзибициски судир со јапонскиот инфлуенсер Микуру Асакура во Саитама, Јапонија.

Покрај популарен канал на Јутјуб во својата земја, Асакура остварил и ММА борби, а сега ќе се проба и во боксерскиот ринг.

Пред пет дена се навршија пет години од првата ваква авантура на Мејведер, иако со многу поголема вредност и гламур – борбата против шампионот на УФЦ, Конор Мекгрегор.

Ова беше воедно и последната професионална борба на Мејведер, кој тогаш исто така во Саитама победи против кикбоксерот Теншин Насукава, а потоа имаше и демо меч со инфлуенсерот Логан Пол.

Слични содржини