205
Евертон се приближува кон трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Џејмс Гарнер, пренесе Sky Sports.
21-годишниот играч минатата сезона ја помина во Нотингем Форест и беше клучен во освојувањето на промоцијата во Премиер лигата, но требаше да се врати на „Олд Трафорд“ на лето.
Летото заработи повреда и учествуваше само на една од контролите на тимот, во која Ерик тен Хаг не импресионираше.
Очекувањата се зделката да биде комплетирана пред крајот на преодниот рок утре, а за него „карамелите“ ќе платат околу 15 милиони фунти, но со бонусите сумата може да се искачи на 20.