Притвор за џепчијата кој сакаше да украде паричник од патник во ЈСП

од Nikola Popovski
178 прегледи

На 30.08.2022 во 12.45 часот на автобуска постојка на ул.„11 ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе паричник од Р.С.(81) од с.Трново, кривопаланечко, додека се качувал во градски автобус.

Тој бил приведен во полициска станица и против него била поднесена кривична пријава по брза постапка. Од страна на судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје му била одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје издржување на мерката притвор.

Слични содржини