КАРИЛ не е во функција после вчерашното невреме, пациентите се препраќаат

од Nikola Popovski
440 прегледи

Привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавиле по вчерашното невреме, потврдија од Министерството за здравство.

До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали.

– Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово“, се вели во соопштението.

Слични содржини