Нашата македонска кујна е позната по специфичната комбинација на вкусови составена од врвните зеленчуци и билки одгледувани под ова наше поднебје, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.
Тој појасни дека дека на Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград ќе биде изложена највкусната и најпознатата македонска традиционална храна.
Вечерва на социјалните мрежи се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ ги покани сите на Саемот во Белград, кој свечено ќе биде отворен утре.
„Драги пријатели, ве очекуваме на најдобриот настан за оваа година – саемот Винска визија на Отворен Балкан! Белград го отвори своето срце за сите гости кои во наредните денови ќе го запознаат нашиот Балкан и најдоброто што го има да понуди. Добредојдовте во Белград!“, објави Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Како што претходно беше најавено, лидерите на земјите од иницијативата Отворен Балкан во петок на самитот во Белград ќе потпишат договор со кој ќе се регулира соработката во областа на безбедноста на храната.