На административните премини меѓу централна Србија и Косово од денеска треба да се применува договорот за лични документи, според кој Србите од Косово ќе можат да продолжат да патуваат со српски лични документи, додека Белград ќе го откаже издавањето дополнителни документи за сопственици на лични картич кои ги издаваат приштинските власти.
На контролните пунктови лоцирани на административните премини се објавуваат „дисклејмери“, односно известувања во кои на српски и англиски јазик пишува дека е овозможено користење лични карти издадени од Приштина од „практични причини“, односно слобода на движење и дека тоа не може да се толкува како признавање на еднострано прогласената независност на Косово, ниту како согласност на Белград за отстапување од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.