ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Србија, Александар Вучиќ, на отворањето на првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на „Отворен Балкан“ рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ носи добро за Србија, С. Македонија и Албанија и дека овие земји ќе продолжат да работат уште посилно.
– Има многу на кои не им се допадна идејата за Отворен Балкан, но не можете да победите нешто што е добро и природно. Никој не може да го спречи нашето зближување, „Отворен Балкан“ никому не донесе ништо лошо, но носи добро за нашите земји. Ќе продолжиме да работиме уште посилно – рече Вучиќ.
На свеченото отворање, покрај претседателот Вучиќ, присуствуваат и премиерката Ана Брнабиќ, како и премиерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора – Еди Рама, Димитар Ковачевски и Дритан Абазовиќ.