Tрагедија во Боговиње: Почина 22 годишник од струен удар

од Берта Китинска
273 прегледи

Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

Увидот е во тек со учество на Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.