Ковачевски ги посети македонските штандови: Саемот во Белград позитивно ќе влијае врз економијата

од Nikola Popovski
118 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека одвоил посебно време за да ги посети македонските штандови на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

-Таму претставниците ме информираа за своите производи, технологии на производство, состојбата со пласманот и извозот. Компаниите посочија дека овој Саем ќе им овозможи проширување на деловната соработка, поголем пласман и извоз на производите, што крајно позитивно ќе влијае врз вкупната економија, истакна Ковачевски.

Премиерот наведе дека денеска на Саемот се поврзуваат економиите од регионот, се отвораат нови пазари, се реализираат нови пласмани за стоки од овие области, како и поширок простор за размена на идеи, технологии и пристапи за работа.

На саемот учествуваат речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 20 земји. Присутни се претставници од околу 40 земји.

Слични содржини