220
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, организирал вечера за учесниците на Самитот како дел од иницијативата Отворен Балкан.
На вечерата во Претседателството на Србија, покрај мандатарката Ана Брнабиќ, присуствувале и премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама, како и претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
View this post on Instagram
Меѓу гостите е и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кој вечерва допатувал во Белград.
Под покровителство на владите на земјите кои се дел од иницијативата Отворен Балкан, денеска беше отворен првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на отворен Балкан“.