ССМ поднесе тужба против Владата

од Берта Китинска
188 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор во Република Северна Македонија ги претствува сите работници и се грижи за остварување и заштита на нивните права од работен однос. Во таа насока ССМ поднесе тужба од јавен интерес против Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија како тужен во постапката поради тоа што со постапување односно непостапувањето на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија се дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор.

– Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41 /2022година со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18000 денари во нето износ, што преставува зголемување од 18,4 проценти во однос на вредноста на предходната минимална плата. Согласно член 8 од Законот за минимална плата потребно беше да се усогласат платите на сите вработени со порастот на минималната плата, се појаснува во денешното соопштение од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Платите на другите вработени кои имаат плата под минималната, за дел вработени се усогласени со порастот на минималната плата, а без оправдани причини и спротивно на закон, се посочува во соопштението, Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.

– Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот на Република Северна Македонија во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Токму почитувањето на принципот на еднаквост и недискриминација при остварување на работничките права како најзначаен дел од граѓанските права претставуваат показател дали една држава е демократски ориентирана и искажува еднаква грижа без дискриминација кон сите свои граѓани и работници, подвлекуваат од ССМ.

Слични содржини