Србија ќе го дели вишокот храна и енергија со Македонија и Албанија

од Nikola Popovski
190 прегледи

Србија, Албанија и Северна Македонија се договорија за формирање заедничка соработка со кој ќе си помагаат меѓусебно да се соочат со заканата од недостиг на енергија и храна оваа зима поради кризата предизвикана од војната во Украина, беше објавено во петокот.

На самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонсккиот премиер Димитар Ковачевски се договорија за формирање тело што ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна.

„Сите наши ќе им бидат достапни на Северна Македонија и Албанија и обратно“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Србија е речиси целосно зависна од увозот на руски гас, а околу 70 отсто од потребите за електрична енергија се произведуваат во стари термоелектрани.

Северна Македонија се потпира на фосилни горива и хидроенергија, а зависи и од увезената електрична енергија. Албанија најголемиот дел од електричната енергија ја произведува во хидроцентрали.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека трите земји ќе побараат од ЕУ да им помогне да ја пребродат зимата.

„Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра за континуирано снабдување со електрична енергија“, рече Рама.

„Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западен Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција“, додаде тој.

Иницијативата, порано позната како Мини Шенген, беше покрената на крајот на 2019 година од премиерите на Србија, Албанија и Северна Македонија со намера, следејќи ги европските вредности на слободниот проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, заемно олеснување на деловното работење за стопанството и патувањата за граѓаните на трите земји.

Слични содржини