УЕФА жестоко ги казни ПСЖ и европските гиганти, ќе треба да платат огромна сума на пари

од Nikola Popovski
199 прегледи

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе мора да плати 10 милиони евра поради прекршување на финансиските правила на Европската фудбалска унија (УЕФА), а уште седум клубови се казнети поради прекумерно трошење од 2018 година.

УЕФА во соопштението наведе дека нејзините финансиски инспектори наредиле да им се одземе наградниот фонд од европските натпреварувања во износ од 26 милиони евра за осум европски клубови кои биле казнети според правилата на финансискиот фер-плеј.

Дополнителни казни во вкупна вредност од 146 милиони евра би можеле да бидат наметнати доколку клубовите не ги исполнат финансиските цели во следните три до четири години договорени во договорите за порамнување, соопшти УЕФА.

Најголема сума ќе му се одземе на Пари Сен Жермен – 10 милиони, потоа Рома со пет милиони, Интер со четири, Јувентус со три и пол милиони евра и Милан со два милиони евра.

На Бешикташ ќе му бидат ускратени 600.000 евра, а на Олимпик од Марсеј и Монако по 300.000 евра.

Казните ги покриваат финансиските години помеѓу 2018 и 2022 година, вклучително и две сезони во кои приходите на клубовите беа сериозно погодени од пандемијата на коронавирус.

Во 2014 година, Пари Сен Жермен и плати на УЕФА 20 милиони евра за истиот прекршок, како и Манчестер Сити.

Слични содржини