Ковачевски од Белград: Да направите македонска вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома

од Nikola Popovski
300 прегледи

Ако не ги решевме сите проблеми кои што постоеа меѓу С. Македонија и Србија, немаше да биде можно да направите своја вечер во туѓа држава. А да направите своја вечер во друга држава е единствено можно, ако се чувствувате како дома, изјави премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на македонската вечер во Белград во рамките на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен балкан“ во рамки на иницијативата меѓу трите земји.

Премиерот се заблагодари на сите министри од земјите што се присутни на македонската вечер.

-Сакам да се заблагодарам и на поранешниот премиер Зоран Заев, кој што е еден од основачите на оваа иницијатива. Сакам да се заблагодарам и на нашите пријатели од САД. Најважно е што тука се претставниците, менаџерите на компаниите кои што соработуваат. Се надевам дека тука ќе бидат и косовските и босанските компании. Оваа е иницијатива која што потекнува од нас – таа е автохтона, рече меѓу другото Ковачевски.

Тој појасни дека од вино знае многу малку.

-Саемот ако го правевме сами кај нас, немаше да биде добар. Ако го правеше Вучиќ сам во Белград- тој не знае продажба, затоа што јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност. Но, ако соберете на едно место, експерт за вино, експерт за продажба и еден уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем, додаде Ковачевски.

Гости на македонската вечер беа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, министри, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, претседатели на стопанските комори од регионот, бизнисмени.

Настап имаше познатиот македонски музичар Влатко Стефановски.

Слични содржини