Легендата на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, дојде како слободен играч во Олимпијакос, потврди грчкиот клуб.
Марсело си замина од Мадрид како најодликуван играч на „кралскиот клуб“ во историјата, со дури 25 освоени трофеи.
Со Реал Мадрид освои шест титули на Шпанија, пет Лига на шампиони, четири светски клупски првенства, три Суперкупа на УЕФА, два Купа на кралот и пет шпански Суперкупа.
Ένας αληθινός ΘΡΥΛΟΣ του ποδοσφαίρου στον ΟΛΥΜΠΙΑΚΟ! / A true football LEGEND joins OLYMPIACOS! 🔴⚪️ 🇧🇷
Welcome MARCELO to Piraeus 🔴⚪️🇬🇷 @MarceloM12 #Olympiacos #Marcelo #M12 #Legend #WelcomeMarcelo #Football #Piraeus #Greece #Brazil #WeKeepOnDreaming pic.twitter.com/eR2CdVi8tA
— Olympiacos FC (47🏆) (@olympiacosfc) September 2, 2022
За мадридскиот тим одигра 546 натпревари, постигнувајќи 38 голови и 108 асистенции.
За бразилската репрезентација дебитираше на 5 септември 2006 година, одигра 58 натпревари и постигна шест гола.
Го напушти Реал откако не го продолжи договорот и бараше нов предизвик, кој сега го најде во нашето „соседство“.
Марсело го загуби местото во првиот тим на неговиот неодамнешен клуб, а бидејќи немаше намера да ја заврши кариерата, реши да игра уште малку пред да се врати во Реал во друга улога.