Францускиот фудбалер Вилијам Коколо, кој игра во третолигашот Бартон Албион, на последниот ден од август е обвинет дека извршил дури три силувања во еден ден!
Сите три прекршоци се тврди дека биле извршени во областа Бирмингем на 13 февруари 2022 година, а Коколо допрва треба официјално да се изјасни за обвиненијата.
Од друга страна, во соопштението на неговиот клуб се вели:
„Бартон Албион е целосно свесен за обвинувањата кои се упатени против еден од нашите играчи и клубот разговараше со него и неговите правни застапници. Бидејќи ова е тековен правен процес, клубот не може да даде дополнителни коментари“.
Коколо, инаку, беше во јуниорските категории на Монако пред да се пресели да игра за Сандерленд во Чемпионшип. Потоа замина во Мидлсброу, за да му се приклучи на Бартон во зимата 2022 година.
Да потсетиме, на Островот моментално се води голема постапка против фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, кој е обвинет за дури осум силувања.