„Се лета“ по патиштата, МВР санкционира 252 пребрзи возачи

од Nikola Popovski
130 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.