Ковачевски во понеделник ќе престојува во Софија

од Nikola Popovski
152 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во понеделник ќе престојува во Софија, на разговори за справување со енергетската криза.

„Работната посета на премиерот Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика е за справување со последиците на светската енергетска криза“, соопштија од Владата.

Нема детали со кого Ковачевски ќе се сретне во Софија и за што точно ќе се разговара.

На прес конференцијата по завршувањето на самитот на Отворен Балкан Вучиќ, Ковачевски и Рама изјавија дека нѐ чека тешка зима.

Ковачевски во интервју за РТС, говорејќи за влијанието на војната во Украина врз лошата економска ситуација во Европа, вклучително и во земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, посочи дека како нејзин резултат е енергетската и економска криза која е најголема по Втората светска војна и тоа го покажуваат сите извештаи од берзите за суровини, за енергенси, за прехранбени производи, а го покажуваат и билансите на државите и мерките кои тие ги преземаат, како членките на ЕУ и оние кои се надвор од неа.

Владина делегација присуствуваше на заедничкиот „Саем на винска визија на Отворен Балкан“, којшто изминатите денови се одржува во Белград, а кој немаше да биде реализиран доколку не постоеше иницијативата на трите земји од Западен Балкан.