КАРИЛ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Немаше поплава туку дефект во делот од инсталациите

од Nikola Popovski
173 прегледи

Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување (КАРИЛ) денеска ја демантираше ВМРО-ДПМНЕ дека имало поплава во нивните простории.

– Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инсталации (кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори), велат од ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ-Скопје.

Од таму појаснуваат дека пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.

-Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ. Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави, стои во соопштението од Клиниката.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието денеска обвини „КАРИЛ не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер“.

-Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции, рече Стојаноска во обраќање до јавноста.

Слични содржини