Доналд Трамп го нарече Џозеф Бајден, претседателот на САД, „државен непријател“ за време на првиот митинг откако агенти на ФБИ го претресоа неговиот дом во Флорида во потрага по доверливи досиеја.
Пред неколку илјади собрани во Вилкс-Бер, Пенсилванија, поранешниот американски претседател го обвини Бајден дека го користи ФБИ како оружје против него.
Таа потрага е „еден од најшокантните примери на злоупотреба на власта во американската историја“, тврди Трамп.
Трамп отпатува во Пенсилванија за да поддржи двајца републикански кандидати.
Докторот Мемет Оз се кандидира за Сенатот, а Даг Мастриано се кандидира да стане нов гувернер на Пенсилванија.
И двајцата зборуваа многу кратко, а главна ѕвезда на вечерта беше Трамп.
Во првиот дел од двочасовниот говор, Трамп остро го критикуваше ФБИ за минатомесечната потрага.
За време на претресот, агентите на ФБИ пронајдоа десетици празни папки класифицирани како доверливи, како и неколку датотеки означени како строго доверливи.
Трамп е под истрага за ракување со доверливи досиеја, обвинение што тој го отфрли.
Покрај претресот, поранешниот претседател зборуваше и за познати теми.
Стана збор за лажни тврдења за наводна кражба на претседателските избори во 2020 година, ги нападна демократските противници и вети „спасување на нашата земја“.
Тој и неколку пати рече дека луѓето кои продаваат дрога заслужуваат смртна казна.