Пораснаа цените на недвижностите во северна Грција: Квадратот на Халкидики поскап за речиси 200 евра

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Продажните цени на недвижностите неодамна се зголемија во повеќето префектури во северна Грција, па на заинтересираните им е тешко да најдат празен стан, а уште потешко е да најдат имот што ги задоволува нивните потреби и барања.

Зголемената побарувачка и ограничената понуда ги зголемија цените, што, според експертите за недвижнини во Грција, ќе продолжи и во блиска иднина. Освен неколку случаи, цените во северна Грција најмногу пораснаа во вториот квартал од годината. Податоците доаѓаат од индексот на цените на сајтот за недвижности „Спитогатос“ за третиот квартал годинава.

Најбаран бил Халкидики, па порастот на метри квадратни достигнал 10,8 отсто, или 1.875 евра, наспроти 1.692 во истиот период лани, пишува „Ворија.гр“.

Следи регионот на Еврос, каде продажните цени по квадратен метар се зголемија за 8,5 отсто во минатата година, достигнувајќи 1.264 евра во вториот квартал од 2022 година.

Просечната продажна цена за метар квадратен е 1.200 евра во Кавала, каде на годишно ниво е забележан раст од 2,9 отсто.

За 6,1 отсто скокна и продажната цена на недвижностите во Лерин, која сега достигнува 542 евра. Сепак, треба да се напомене дека и покрај значителното зголемување на цената на метар квадратен, Лерин е најекономичен град за живеење во Северна Грција.

„Бариерата“ од илјада евра ја достигна и цената на метар квадратен во Пиерија, забележувајќи раст од 5,6 отсто во однос на истиот период лани. Во Ксанти цената на метар квадратен е 915 евра и од лани е зголемена за 5,6 отсто.

Од друга страна, во Драма цената на метар квадратен паднала за 13,3 отсто, па сега изнесува 722 евра. Погодно е и да се купи недвижен имот во Кожани, бидејќи цената за квадрат е само 688 евра.

Слични содржини