Ѓубре, расфрлани шишиња и лименки и целосен хаос по одржувањето на Пиволенд кој деновиве се одржува на Плоштадот во главниот град.
Центарот на Скопје утрово е преполн со ѓубре и со расфрлани пластични и стаклени шишиња, од кои некои скршени и кои претставуваат опасност за жителите.
На социјалните мрежи се шират повици до Градот за состојбата во која е оставен Плоштадот по синоќешните забави, но повиците треба да бидат упатени и до „граѓаните“ и до нивното несовесно однесување.
Се надеваме дека службите навремено ќе го средуваат хаосот кој останува по манифестацијата и дека нема да бидеме сведоци на вакви слики идните денови.
Пиволенд во центарот на Скопје трае до среда.