Ковачевски: Целта ни е да ги завршиме преговорите со ЕУ во 2030 година

од Берта Китинска
209 прегледи

Главен преговарач на Македонија за пристапување во Европската Унија ќе биде вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, информираше денеска, премиерот Димитар Ковачевски.

-Преговори официјално започнаа. Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година, тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија,ќе работием посветено за нашата земја да биде во чекор со другите членки.Нашата иднина е во ЕУ, рече Ковачевски.

Тој апелираше до опозицијата да се вклучи и да го помогне овој процес за да може да биде завршен што побрзо.