Машкиот тенис следниот понеделник ќе добие нов број 1 на АТП листата.
Данил Медведев беше елиминиран во осминафиналето на УС Опен од Ник Кирјос, а бидејќи ја бранеше титулата, ќе остане без огромен број бодови и јасно е дека ќе го загуби и првото место на светската ранг-листа.
Во моментов има тројца кандидати да седнат на тенискиот трон за седум дена. Станува збор за Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд.
Секако, за Алкараз и Руд би било прв пат во кариерата да се најдат на првата позиција.
Надал ќе биде прв после долго време ако стигне до финалето на УС Опен или ако стигне до четвртфинале, а Алкараз и Руд не ја освојат титулата, а може да загуби и во осминафиналето, но Алкараз и Руд не стигнат до финалето.
Алкараз ќе биде број 1 ако го освои УС Опен, што би му бил прв Гренд слем во кариерата, или ако Надал загуби во осминафиналето и го загуби финалето од некој друг освен Руд.
Руд ќе биде прв ако го освои УС Опен, воедно и неговиот прв Гренд слем трофеј, ако Надал не успее да стигне до финалето, или ако Надал не успее да се пласира во четвртфиналето и загуби во финалето од кој било друг освен од Алкараз.
Надал во осминафиналето игра против Американецот Френсис Тиафо. Во осминафиналето Алкараз го очекува дуел со шампионот на овој турнир од 2014 година Марин Чилиќ, додека Руд во четвртфиналето ќе се сретне со Матео Беретини.