Грците „полудеа“ и го исвиркаа Адетокунбо

од Nikola Popovski
311 прегледи

Репрезентативците на Грција во првите два натпревари на ЕП успешно ги совладаа Хрватска 89:85 и Италија 85:81, па малку порелаксирано влегоа во натпреварот против Велика Британија.

Стручниот штаб на „Хелените“ донесе одлука да го одмори Јанис Адетокунбо против најслабиот ривал во групата, па ѕвездата на Милвоки Бакс ги бодреше соиграчите во близина на клупата за резерви.

Сепак, таа одлука не им се допадна на многу навивачи кои дојдоа во салата во Милано да го видат еден од најдобрите играчи во светот, па со свирежи го поздравија НБА-играчот.

Кошаркарскиот портал „BasketNews“ објави дека причината за отсуството на Јанис е поврзана со договорот што НБА го постигнала со репрезентациите, според кој кошаркарите не смеат да одиграат четири натпревари во пет дена.

Слични содржини