„Секое одложување или блокирање на одлуките во Собранието значи закочување на државата на патот кон ЕУ“

од Берта Китинска
152 прегледи

Секое одложување или блокирање на носењето на одлуките во Собранието кои се однесуваат на евроинтеграцијата значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски на средбата со новинарите во Софија

„Основата на нашето членство во НАТО, на нашето отпочнување на прговори со ЕУ се Преспанскиот договор со кој постигнавме согласност со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се постигна согласнот за кревање на ветото на Бугарија и отпочнивање на преговорите со ЕУ. На тој пат на членството на ЕУ имаме активности кои треба да ги преземаме и за дел од нив се задолжени пратениците во Собранието. Секое блокирање на носењето на овие одлуки, секое одложување или блокирање значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завриме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на брифингот во КИЦ на Северна Македонија во Софија, по средбите со бугарската Влада и со претседателот Румен Радев.

Тој потсети дека Северна Македонија ги почна преговори со ЕУ и дека Владата донесе одлука за формирање на пргеоварачката структура.

„Ние веќе имаме главен преговарач, имаме комплетна структура и до 15 септември имаме отпочнување на скрининг процесот кој што е исклучитлено значаен дел од пргеоворите, бидјеќи преку скринингот се дефинираат обврските кои една држава ги има во делот на преговорите со Унијата“,рече Ковачевски, нагласувајќи дека очекувањата се земјата овој процес да го заврши до 2030 година како и дека ние го имаме тој капацитет.