Почнуваме постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации. Извршниот комитет на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме Собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на референдум, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Референдумското прашање, кое е усвоено по долги консултации со експертите, коалициските партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18 јануари 2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја. Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани. Ние на референдумот отворено ќе водиме кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во Владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.