Погба ќе оди на операција, речиси сигурно го пропушта Светското

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба ќе биде опериран на менискусот на десното колено, објави Фабрицио Романо на своите профили на социјалните мрежи. Играчот од средниот ред, кој летово на слободен трансфер од Манчестер Јунајтед дојде во редовите на „старата дама“, заработи повреда на летниот камп и се уште не учествувал на ниту еден официјален натпревар на својот тим.

Откако ја заработи повредата, Погба и медицинскиот штаб на Јувентус се решија на конзервативен третман, бидејќи играчот од средниот ред се надеваше дека ќе закрепне доволно брзо за да учествува на Светското првенство.

На крајот, сепак, во оваа фаза беше донесена одлука играчот да биде опериран. Не е јасно колку време ќе му треба за да се врати на терените, но во оваа фаза се чини малку веројатно дека ќе биде во ред за шампионатот во Катар, кој започнуваа на 19 ноември.

Слични содржини