Хари Стајлс го плукна Крис Пајн на премиера на филм? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
388 прегледи

Дали пејачот Хари Стајлс го плукна Крис Пајн за време на премиерата на „Don’t Worry Darling“ на филмскиот фестивал во Венеција?

Ова е прашањето кое ги окупираше корисниците на социјалните мрежи, кои од вчера развиваат различни теории откако се појави видеото кое сега стана вирално.

На снимката се гледа како пејачот седнува покрај Пајн, кој аплаудира. Непосредно пред да седне, усните на Стајлс се движат. Пајн му гледа во скутот или нозете, станува сериозен, престанува да плеска, а потоа прави необичен израз.

Многумина протолкуваа дека изгледа како личност која знаела дека не може ништо во тој момент, иако бил лут, па наместо тоа само се смеел.

Можеби никој немаше да обрне внимание на оваа случка доколку веќе не се појави огромна драма околу филмот. Делото се врти околу тоа дали режисерката Оливија Вајлд го отпуштила актерот Шиа ЛаБоф или не. Тој тврди дека самиот дал отказ и дека таа го молела да остане, додека таа го тврди спротивното. На местото на Лабоф дојде Хари Стајлс, кој моментално е во врска со режисерката и актерка Оливија Вајлд.

Освен тоа, се појавија наслови за конфликтот меѓу Вајлд и главната ѕвезда на филмот, актерката Флоренс Пју, која дури подоцна и се придружи на филмската екипа на црвениот тепих во Венеција. Многумина забележаа и дека таа избегнува директна интеракција со Вајлд и нејзиното момче Стајлс.

Иако премиерата на филмот на фестивалот заработи петминутни овации, критичарите не го сакаат премногу. Но, фановите нема да можат да одлучат дали им се допаѓа „Don’t Worry Darling“ додека филмот не пристигне во кината на 23 септември.

Слични содржини