Обожавателка на Хари Стајлс отиде предалеку: Му испратила 8.000 писма, сега е во затвор

од Vladimir Zorba

Обожавателите на британскиот пејач Хари Стајлс (30) навистина знаат да одат предалеку. Бразилката Мира Карваљо (35) заврши во затвор откако за еден месец испратила повеќе од 8.000 писма на својот омилен пејач.

Како што пишува The Sun, Мајра му праќала писма на Хари, свадбени картички, па дури и отпатувала во Лондон за да биде поблиску до поранешниот член на One Direction.

Обвинителот изјави дека вознемирувањето пречело на секојдневните активности на пејачот. Се започнало откако се вратил од одмор на Карибите.

– Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако тоа е загрижувачко за него, неговото семејство и неговиот тим – изјави изворот.

Наводно, „демначката“ има момче во Бразил, а таа отпатувала во Лондон без знаење на семејството.

Да потсетиме, обожавателите на One Direction некогаш беа познати по претерувањето кое се граничи со „демначите“. Во една прилика, тие ги хакирале безбедносните камери на аеродромот во Лондон за да ги видат своите идоли.

Слични содржини