Во текот на утрешниот ден ќе заседава Президиумот на Левица, каде ќе биде дефиниран конечниот став во однос на најавениот референдум, изјавија за „Локално“ од Левица.
Од денеска ВМРО-ДПМНЕ ја почнува постапката за задолжителен референдум за укинување на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
„Референдумското прашање, кое е усвоено по долги консултации со експертите, коалициските партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18 јануари 2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја. Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани. Ние на референдумот отворено ќе водиме кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во Владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Референдумот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее
Христијан Мицкоски повеќе не знае што да направи за да си ја задржи разнишаната фотелја во Белиот дворец, откако му пропаднаа сите лаги и обиди блокирање на европската иднина на државата, вели СДСМ.
„Му се изјаловија најавите за бугаризација и асимилација, му пропаднаа сценаријата за дестабилизација, не усепаја обидите за блокада, остана сам со проруската Левица и партнерот Апсиев, против ЕУ.Колкаво е лицемерието и неискреноста на Мицкоски потврдуваат неколку факти:
1. Токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.
2. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.
3. Проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ стаува се посилно, не се согласува со Мицкоски и сака да продолжи европскиот пат на земјата.
4. Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа.
5. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски не гласаа во македонското Собрание туку избегаа, сега сакаат одговорноста да им ја префлат на членовите на партијата.Референдум против членство во ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.Државата нема да застане. Мицкоски не може да ја закочи ниту да ја спречи европската иднина“, се вели во соопштнеието.