„Нашиот став е јасен – додека не видиме како онаа компанија формирана ден пред да го добие тендерот за транспорт на јаглен ги трошела парите, нема да го поддржиме. Затоа што тие пари им требаат за да ги договараат и злоупотребуваат тендерите за кризната состојбата и за ископ и транспорт на јаглен и мазут за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј. Додека не видиме каде се потрошени парите нема да поддржиме“, кажа лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.
Во првиот момент кога ќе се види тоа, тогаш, како што посочи, ќе може да се зборува за сè,
„Сега бараат сто милиони од ЕБРД, нормално тоа зависи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.