Ганиу: Целата територија на Чаир е предвидено да биде со колективни згради

од Берта Китинска
296 прегледи

Наместо индивидуални куќи, во општина Чаир да има само колективни згради. Ова го предвидува Генералниот план на општината. Со ова ќе се овозможи повеќе паркови и зелени површини, а улиците во Чаир ќе бидат пошироки и лесно проодни. Ова го изјави првиот човек на Чаир, Висар Ганиу во емисијата „Клик 21“.

-Целата територија на Чаир е предвидено да биде со колективни згради. Еве за да разбереме, ние бараме, како сега што се живее во куќи, како во Серава, Гази Баба, Дижонска.. наместо да живееме хоризонтално, да живееме вертикално, а околу да изградиме паркови, паркинзи… Начин на кој живееме во овие населби, условите се супстандардни, а ние сакаме да ги урбанизираме и да ги направиме со стандардни услови, вели градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Имајќи предвид дека Генералниот план предвидува Чаир да биде со колективни згради, Ганиу објаснува дека работат на процесот за легализација. Сепак, уверува дека досега не е узурпиран ниту еден парк од дивоградбите и дека не е продолжен ниту еден балкон.

-Нашата цел е тие луѓе да добијат документи и неслучајно општина Чаир е многу пред останатите општини кога станува збор за процесот на легализација. Процентот е висок бидејќи ние сакавме нашите сограѓани што поскоро да ја добијат сопственоста, рече Ганиу.

Слични содржини