Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ

од Берта Китинска
468 прегледи

Пред неколку месеци, за среќа, преговорите беа почнати, а очекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ, кажа претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

-Словачка постојано ги поддржува вашите напори за пристапување и подготвени сме да ги споделиме сите наши искуства во тој дел. Ние го минавме тој пат, но подобрувањето во јавните институции, услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува. Многу работи не врзуваат, имаме одлични билатерални односи и заедничка историја, рече Чапутова.

Слични содржини