Затрупани сливници и асфалтирани шахти на „Козара“, Герасимовски излезе на терен

од Nikola Popovski
216 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски излезе на терен на улица „Козара“, каде што имаше поплаки од граѓаните дека при реконструкцијата биле асфалтирани и шахтите.

-На жителите на улица „Козара“ од каде имаше поплаки дека при реконструкцијата се затрупани сливниците укажав дека општината ќе биде ригорозна и ќе ги казни изведувачите доколку повторно има недоследности во работењето. Во моментот на улица „Козара“ јавните претпријатија изведуваат подземна инсталација, приклучоци за водовод и останато, истакна Герасимовски.

По завршување на нивната работа, општината ќе изврши подигање и нивелирање на шахтите, сливниците и капаците за водовод и веднаш потоа ќе биде поставен вториот и финален слој на асфалт.

-Ги молам граѓаните за трпение, инсистирам реконструкцијата на улицата да се направи темелно со цел да немаме идни прекопувања за нови потреби на околните згради кои се во изградба, побара Герасимовски.

Слични содржини