Маричиќ-Азески: Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ

од Nikola Popovski
163 прегледи

На денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески ја потврдивме подготвеноста за дополнително зајакнување на добрата соработка, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, информира вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На средбата било констатирано „колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ“.

-Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, соопшти Маричиќ.

Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици.

Улогата на Стопанската комора на Северна Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

Слични содржини