Наполи во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен го совлада Ливерпул со резултат 4:1. Актуелниот лидер во Серија А покажа дека е „зрел“ за голем резултат сезонава со скалпот на англискиот гигант на свој терен, со головите на Пјотр Зиелински, кој беше двоен стрелец, како и Андре Анзиса и Џовани Симеоне. Избраниците на Лучијано Спалети водеа во 47. минута со 4:0!
Ливерпул до крајот се обидуваше максимално да го ублажи поразот, Луис Дијаз постигна гол за 4:1 во 49. минута, но Англичаните не можеа да сторат ништо повеќе на стадионот „Сан Паоло“, каде менаџерот на гостите, Јирген Клоп, имаше многу тежок ден пред натпреварот непријатен разговор со новинар. Беше изнервиран кога го прашаа дали се согласува со предупредувањето на неговиот клуб до навивачите дека „Неапол е небезбеден град“. Сепак, сигурно беше уште повеќе бесен бидејќи поразот од Ливерпул можеше да биде поубедлив доколку Виктор Осимен го искористеше пеналот во 18. минута.
„Одбраната на Ливерпул беше апсолутно шокантна“, изјави легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер во студиото на една англиска телевизија. Со него се согласи и Рио Фердинанд, исто така поранешен фудбалски ас, а сега аналитичар.
„Тоа беше понижувачко прво полувреме. Не можете да го прифатите недостатокот на желба, труд Тоа не е доволно“.
Фото: Profimedia