Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Македонија и Бугарија објавен во СБ 12/2018 од 18.01.2018“.
Мицкоски најави дека реферндумот е одлична можност за одржување на предвремени избори во пакт.
„Одржувањето на референдумот е одлична можност заедно да организираме предвремени парламентарни избори на еден трошок. Ја повикувам власта да покаже демократски карактер и да ги потврди соите политики на предверемни парламентарни избори“, рече Мицкоски.
„Мицкоски бара референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно го поддржа пред високи бугарски претставници“, смета пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.
„Иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајнички обид да се попречи европската иднина на државата. Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец“,вели Костовски.
Според него, опозицискиот лидер веќе нема поддршка ниту во сопствената партија, а еденствениот партнер на неговите, како што вели, деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како анти-НАТО и анти-ЕУ опција.
„Иницијативата на Мицкоски ќе пропадне. СДСМ, европската коалиција што ја предводи, како и мнозинството граѓани, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ одново да ја загрози европската иднина, нема да дозволат само заради лични интереси на Мицкоски, македонското општество повторно да биде изолирано и поделено како што тоа беше во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“,додава Костовски посочувајќи оти Мицкоски и Апасиев нема да ја спречат европската иднина на државата.