Министерката за одбрана Славјанка Петровска упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод Денот на независноста – 8. Септември и порача дека безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е најважна.
134
По повод денешното одбележување на Денот на независноста 8. Септември во градскиот парк во Скопје граѓаните имаа можност да погледнат дел од опремата и возилата со кои располагаат Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа тие имаа можност да се дружат со припадниците на двете институции и да се запознаат со нивните задачи, опрема и да погледнат показни вежби.
На денешниот отворен ден во градскиот парк присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод Денот на независноста – 8. Септември и порача дека безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е најважна.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.