Последнио ковид-биланс покажува дека од 672 тестови, регистрирани се 109 новозаразени.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 27 реинфекции. Регистрирани сe и 130 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265