Тројца важни луѓе шкаљарскиот клан беа убиени за само неколку месеци. Најпрвин во Будва беше ликвидиран Милиќ Миња Шаковиќ, потоа во Паг Горан Влаовиќ, а синоќа и Јован Вукотиќ, кој беше идентификуван како водач на озлогласената которска криминална група.
Тие важеа за високо поставени членови, а беа убиени во три земји, за неполни три месеци, поточно од јуни годинава, кога беше ликвидиран Шаковиќ.
Ликвидација на Шаковиќ во Црна Гора
Милиќ Миња Шаковиќ беше убиен во јуни годинава во Црна Гора. Напаѓачот најпрвин испукал три куршуми во главата на Шаковиќ, кој потоа паднал на тротоарот, а потоа уште два во телото на веќе загинатиот подгорчанец, за да го „завери“. Беа испукани вкупно осум куршуми.
Пријателите кои дале изјава во полиција по ликвидацијата, како што изјавиле за Вијести, рекле дека виделе сомнителен маж кој поминал покрај нив кон Стариот град.
Еден од изворите рекол дека Шаковиќ бил застрелан од човек кој седел на масата до него, кој не бил маскиран. Наводно, тој само станал и испукал неколку куршуми во него.
Друг извор изјави дека Шаковиќ седел на маса во првиот ред и дека неговиот грб бил свртен кон шеталиштето кога маж облечен во бела кошула и капа му пришол и испукал неколку истрели кон него. Настанала гужва, која ја искористил убиецот и побегнал покрај хотелот „Могрен“, објави тогаш Вијести.
Во него пукал Лука Пилчевиќ од Белград.
Влаовиќ убиен во Хрватска
Горан Влаовиќ Горо беше убиен во Паг во Хрватска во август годинава. Тој беше познат како еден од клучните луѓе во кланот, а во него пукал Душко Танасковиќ (28) од Крагуевац.
Се претпоставува дека Танасковиќ бил ангажиран како изнајмен убиец, а се утврдило дека учествувал и во ликвидацијата на Шаковиќ во Будва.
Убиениот Влаовиќ со години бил на стража, а доказ за тоа е и тоа што бил опкружен со телохранители. Се претпоставува дека во секој момент почувствувал дека животот му е во опасност.
Убиен лидерот на кланот во Турција
Јован Вукотиќ, водачот на шкаљарскиот клан е убиен вчера во Турција.
Според неофицијални информации, злосторството се случило околу 20 часот пред очите на невенчаната сопруга на Вукотиќ, Маша М., која е бремена, и пред нејзината малолетна ќерка.
– Вукотиќ е убиен додека бил во автомобил со сопругата и малата ќерка. Напаѓачите со мотор се приближиле до автомобилот и отвориле оган. Вукотиќ бил погоден од неколку истрели, а за среќа неговата сопруга и девојчето воопшто не се повредени – открива извор на српски „Курир“.
По пукањето напаѓачите стиснале гас и побегнале. Според зборовите на изворот, лекарите се обиделе да му помогнат на Вукотиќ, но немало начин да го спасат.