Поднесена е Иницијативата до Собранието за отпочнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата за собирање на граѓански потписи и за почеток на референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави, сподели координаторот на пратеничката група на опозициската партија, Никола Мицевски.
„Можам да информирам дека се собрани некаде повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час и како што најавивме еве денеска ќе ја доставиме Иницијативата до Собранието. Се надевам дека претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа и како што налага и законот за Референдум и други видови на граѓанско изјаснување“, истакна тој.