Јанчев го „подготвува теренот“ за бензиска пумпа по пренамена на парцела во сопственост на неговата „Кожувчанка“

од Vladimir Zorba
497 прегледи

По добивањето на функцијата градоначалник, Митко Јанчев во кругот на својата компанија Кожувчанка, на катастарската парцела 10128/2 прави промена на намената на земјиштето во Е 17, за изградба на бензински станици.

По пренамената на парцелата, која е во сопственост на неговата компанија Кожувчанка, Митко Јанчев започнува со изградба на бензинската пумпа, која денес е во завршна фаза.

Целиот процес финишира со сечење на дрвјата кои се наоѓаат пред новата бензинска станица, за која потребни се посебни дозволи и процедури за сечење на дрвја, кои се исто така надлежност на општината.

Сето ова се прави во период кога кавадарчани берат грозје и пред манифестацијата Тиквешки гроздобер се со цел истото да помине незабележително од јавноста.

Со ова Митко Јанчев, коментира јавноста, покажува како се штити и работи за личниот бизнис интерес, наместо за интересот на граѓаните.

Слични содржини