УЕФА направи преседан поради кралицата Елизабета

од Nikola Popovski
194 прегледи

Едноминутниот молк за славните личности не е ништо необично, но никогаш не се случило на сред натпревар, особено не на толку високо ниво, на меч под покровителство на УЕФА.

Британската кралица Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст. Бакингемската палата претходно објави дека здравјето на кралицата е загрозено, а тажна вест пристигна во четвртокот навечер.

Би-Би-Си ја објави веста за време на натпреварот од првото коло во Лига Европа помеѓу Арсенал и Цирих во Швајцарија додека играчите на двата тима во тој момент биле во соблекувалните.

Тогаш беше направен преседан – УЕФА дозволи едноминутно молчење среде натпревар. Поточно, играчите на двата тима застанаа во центарот, со наведнати глави, пред почетокот на вториот дел, а на семафорот беше прикажана графика со фотографија од кралицата и натпис: „Во спомен на нејзиното височество кралицата Елизабета 1926 г. – 2022 година“.

Слични содржини