Шефот на Скопското вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи денеска информира дека годинава има поднесено повеќе претставки за работата на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.
-Можам да кажам дека како резултат на претставките, една добра пракса и добар начин за да се детектираат проблемите во основните обвинителства, што гравитираат до Вишото јавно обвинителство. Согледувајќи ги претставките, направивме рекапитулар за да видиме против кој обвинители има повеќе поднесени претставки и дали истите се издржани. Воочивме дека кај четворица обвинители има почести претставки по однос на нивното работење. Како резултат на тоа, извршивме вонреден надзор и утврдивме дека кај обвинителите одолговлекувале постапките и поднесовме предлог до Дисциплинската комисија за дисциплинска одговорност на тие обвинители, рече Хајрулахи во емисијата „Жешко политичко лето“.