Стартуваше Охридскиот пливачки маратон, откако натпреварувачите го започнаа својот подвиг во 10 часот.
Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.
Маратонците беа промовирани пред јавноста во четвртокот, а вчера организаторот ги запозна со деталите околу 25 километарската патека.
Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 14 часот.
Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.